Fantinel дегустација

Почитувани гурмански патници...

и овој Вторник, 8ми Декември ќе имате посебна можност и чест да ги дегустирате вината од една од најреномираните Италијански винарии FANTINEL;

За прв пат ќе дегустирате пет различни вина добиени од автотохни италијански сорти;

Единствена можност да направиме споредба меѓу македонските и италијанските вина;

Како и секогаш секое вино ќе биде „балансирано“ со специјално дизајнирана храна „сервирана“ на подлога од bossa-nova и jazz ноти...

Цената на еден билет за ова винско патување е 830мкд по лице, за група од 4 лица и повеќе следува попуст од 10%. Во прилог ГРАТИС Горска Вода за секого од Вас...

.... Со особено задоволство Ве известуваме дека Домаќин на вечерта е г. Александар Вучковски, регионален менаџер на оваа реномирана винарија кој ќе Ве воведе во тајните на „нектарот на боговите“.....

 

Возен ред за поаѓање од перонот на Ориент Експресс со билет од Винаријата FANTINEL 

 

Sauvignon Blanc "pesto" од маслинки и босилек

Pinot grigio Цезар салата

Collo rosso pasta "Bolognese"

Refosko Свинско каре со горгонзола сос

Ramandolo "Opium" десерт

 

Коментари

Прва посета на Ориент - Бинго ! Едноставно , мое катче во Дебар Маало ,а храната , зачинета со љубов, право задоволство Јордан Малевски