Гурманско - винска дегустација со Македонскиот бисер... БОВИН

Почитувани гурмански патници...

Поради големиот интерес, овој пат во Среда, на 30ти Декември наместо редовниот вторник, во Вашето купе на станицата Ориент Експресс повторно ќе имате можност да ги дегустирате вината на Винаријата БОВИН. Дозволете му на нашиот сомелиер Андреј Киселички да Ве воведе во тајните на добрата капка вино. И за овој термин внимателно се одбрани 4 различни сорти на бело и црвено вино „спарени“ со 4 корса соодветна храна... зачинети со свеж jazzamor амбиент од Јасмина Беличанска, нај - jazzy вокалот на овие простори... Уверете се... Резервирајте!!! 02 32 23 097

 

ВОЗЕН РЕД:

Reisling со Woldrof салата

Vranec со Вргањ сотиран со сланина

Aleksandar со Македонска тава

Aleksandar со Чоколаден мафин

 

ГРАТИС Горска... нашиот пријател на патувањата

Цената на едно винско патување е 830мкд по лице, за група од 4 лица и повеќе следува 10%, а за месечен билет од 4 патувања - пакет цена од 3100мкд.

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

Прва посета на Ориент - Бинго ! Едноставно , мое катче во Дебар Маало ,а храната , зачинета со љубов, право задоволство Јордан Малевски